Од Македонија евтини летови до 14 европски дестинации

Нискобуџетските компании и евтините авиобилети ги раздвижија патниците. Патувањето до европските дестинации стана хит за македонските граѓани. Истанбул е најфрекфентната дестинација, а за Виена, Цирих и Малме се бара место повеќе во авионите. Од Александар Велики и Свети Апостол Павле веќе летаат Виз ер, Пегасус, Флај Дубаи, Ер Берлин, Ер Свиден, Флај Ники, пишува Лидер.

Нискотарифниот авиопревозник Виз ер, моментално предничи пред останатите. Мрежата на унгарската компанија лета кон 14 дестинации во осум различни земји. До Париз, два пати недело, до Ајндховен, Минхен и Лондон по трипати неделно и до Малме четири пати во текот на една недела.Виз Ер направи бум во авиобизнисот. Со државни субвенции од пет милиони евра компанијата полека ја остварува целта да го раздвижи сообраќајот и на двата аеродрома и да го зголеми бројот на туристи.

Нискотарифни летови:

Париз, два лета неделно

Брисел, два лета неделно

Франкфурт, два лета неделно

Малме, 3 летови неделно

Базел Милхаусен, три летови неделно

Милано Бергамо, два лета неделно

Ајндховен, два лета неделно

Дортмунд, два лета неделно

Минхен Меминген, два лета неделно

Гетеборг, два лета неделно

Лондон Лутон, три лета неделно,

Венеција Тревизо, два лета неделно

Стокхолм, два лета неделно

Политиката на субвенционирање на летовите придонесе за зголемување на бројот на авиопатниците и туристите во земјава.Од јули лани до август годинава низ скопскиот и охридскиот аеродром минале над еден милион 170 илјади патници. Во првите 6 месеци годинава, само од аеродромот „Александар Велики“ се превезени 560 000 патници, што е зголемување за речиси 20% во однос на лани. Најголем раст имало минатиот месец и тоа за 17,8 отсто.

„Една од иницијативите на Владата на Република Македонија за зголемување на бројот на дестинации исто така вродува со плод, од 2009 година кога имавме вкупно 15 поврзувања, директни летови кон други дестинации од скопскиот аеродром, денеска тој број е 27“, изјави Владимир Пешевски, вицепремиерот за економски прашања.

Отворањето на косовското небо за авиосообраќај, придонесе земјава да стане европски лидер во зголемувањето на бројот на прелети.

„Во првите шест месеци на 2014 година сме лидери во Европа, со зголемување за 28,2 отсто на прелетите во Македонија“, потенцираше министерот за економија Беким Незири.

Властите очекуваат бројот на патници во 2014, да биде 100 отсто поголем од оној во 2009.