среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 16

Од марихуана преку даноци до смртна казна, избирачите на САД ќе гласаат за 155 референдуми

Освен на изборите за претседател и за 435 членови на Претставничкиот дом на Конгресот, како и за 34 сенатори во сточлениот Сенат, избирачите во различни американски држави ќе гласаат и на 155 референдуми или т.н. законодавни иницијативи. 

државата

Поврзани вести

Гласачите во федералниот округ Колумбија ќе се изјаснат за тоа дали тој да стане 51. американска сојузна држава.

Во Калифорнија, пак, ќе се гласа за 17 законодавни иницијативи, најмногу од 2000 година досега. Едната од нив е за укинување на смртната казна, а друга за забрзување на процесот за примена на смртна казна во однос на 741 осудени лица. Калифорниските избирачи гласаат и за тоа лице, кое ќе купува муниција да биде проверувано од полицијата.

Во Небраска избирачите сакаат да го укинат законот од 2015 година за замена на смртната казна со доживотен затвор.

Во Оклахома се гласа за промена на Уставот на државата, кој забранува смртна казна за сурови злосторства.

Во Мејн и Невада се гласа за воведување поцврсти мерки против купувачите на оружје. Во државата Вашингтон  се гласа на лицата кои е проценето дека се ризични да им се забрани да поседуваат оружје. Во истата држава избирачите ќе гласаат и во однос на воведување данок на емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата.

Во Колорадо една од законодавните иницијативи се однесува на тоа на болните лица, кои не можат да се излечат да им се дозволи да починат со помош на специјален медицински препарат.

Во Арканзас, Флорида, Монтана и Северна Дакота гласачите ќе гласаат за легализирање на марихуната за медицински цели.

Во државата Алабама ќе се гласа за 11 прашања, од финансирањето на парковите со буџетски средства до одредување на возраста, на која може да се гласа. Една од иницијатиците предвидува компаниите за производство на пиво да ги соопштуваат податоците за лицата, кои купуваат големи количини пиво.

Во Аризона ќе се гласа за зголемување на минималната надница од 12 на 13,50 долари.

Во Орегон се гласа за зголемување на даноците за корпорациите, благодарение на кое државната каса ќе се наполни за три милијарди долари годишно.

Најчитани вести