Од МВР не потврдуваат официјално дека претепаната е Аделина Тахири

Аделина Тахири: Имав сообраќајка, но добро сум!

Од МВР официјално нема потврда дека познатата пејачка Аделина Тахири која неодамна ја раскина врската со синот на потпретседателот на Владата Муса Џафери, била претепана откако со новото момче и неговиот брат го посетила барот “Bar Square” во Скопје.

Иако од МВР велат дека имало пријавено случај од страна на лице А.Т (1992) сепак не потврдија дека станува збор за пејачката Аделина Тахири.

„Синоќа во 1.50 часот по полноќ стигна пријава дека на паркингот на улицата „Стив Наумов“лицето А.Т (1992) и нејзиниот брат биле нападнати од непознати лица. МВР работи на расчистување на случајот,“ велат од МВР.

Албанските медиуми пишуваат дека поранешното момче на Аделина ја нападнало во доцните часови заедно со нејзиното ново момче и братот.