Од народни пари, опозиционерите зеле 50 милиони за неработење

Педесет милиони денари поделиле само 34 пратеници на СДСМ. Секој пратеник за неработење, односно недоаѓање на работното место во Парламент, државата ја чинел 96.920 денари секој месец. Граѓаните кои гласале за опозиционерите воопшто немаа свои претставници во Законодавниот дом. Од пратениците на СДСМ немаше никаква иницијативност, ниту еден законски предлог, но парите од сметката на државата секој месец легнуваа на нивните приватни сметки. За ниту еден сработен ден, секој опозициски пратеник имал ќар по неверојатни 1.440.000 денари. Оваа сума ја добиваа 15 месеци, што значи дека за неработење добиле вкупно 50 милиони денари, пишува Курир.

Тоа низ призмата на споредба се минимални плати за 5.000 работници или преку проектот „Македонија вработува“ државата ќе можеше да плати придонеси со кои ќе се вработеа 1.000 луѓе.

Понатаму, со парите кои опозиционерите ги земаа за неработа, преку проектот Јавни работи ќе можеа да се вработат 500 невработени граѓани. За 50 милиони денари, колку што зеле сопартијците на Заев за ниту еден сработен ден, ќе можеа над 7000 пензионери да отидат на бесплатна бања. Со парите кои пратениците на СДСМ ги земаа од државата, 12.000 дечиња од социјално-ранливи категории ќе можеа да отидат на бесплатен одмор. Или 300 лица ќе довиеја грант за самовработување и ќе можеа да отпочнат свој бизнис.

Милионските суми кои пратениците на СДСМ ги земаа од државна каса ќе можеа да покријат исплаќање на 40.000 поливалентни вакцини за дечињњата, а можеше и 11 различни градови да бидат опремени со по еден мамограф.

За оваа сума можеше 550 луѓе да се вработат во домашните компании.

Дека ова е сериозна сума на пари покажува и фактот дека со тие средства ќе можеше да се изградат 15 мали детски градинки.

Но, пратениците на СДСМ, овие пари си ги чуваа во својот џеб и на свои сметки. Тие не заработија ниту еден денар од овие огромни суми, туку седејќи дома, земаа плата од џебот на народот.

 

 

Од утре опозицијата предводена од СДСМ треба да се врати во Собранието на Република Македонија.