Од недела намалување на температурите

Високите температури, според „Метеопро“, веќе од недела ќе почне да се намалуваат, бидејќи се највува краткотраен бран на врнежи кои ќе бидат претежно локални. Засега овие врнежи ги очекуваме повеќе во северната половина од земјата.
Од понеделник повторно се очекува период на претежно сончево време.
Температурниот максимум во недела сѐ уште ќе има вредност над 35 Целзијусови степени во јужниот повардарски регион, но во периодот од понеделник, максималната температура ќе биде под 30 Целзијусови степени и во овој најтопол крај во земјава.
Се до недела ќе се задржи топло септемвриско време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.