Од недела облачно време со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Како што соопштуваат од УХМР, се очекува во недела под влијание на влажен бран од Медитеранот времето да биде облачно со врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.

Пообилни врнежите ќе бидат во западните и јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2 воден талог, а на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Негативните минимални температури забележани изминатава недела нема да имаат никакви негативни влијанија врз земјоделските култури, заради нивната многу поголема издржливост во овој период од годината. Сувото време на почетокот од наредната седмица и секоја можност кога можат да влезат во нивите, земјоделците треба ја го искористат за кроење на овошките и виновата лоза како примарна операција во овој период.