Од недела очекувајте температури над 30 степени

Од недела очекувајте температури над 30 степени. Во недела и во првите два дена од наредната седмица највисоката дневна температура на некои места ќе надмине 30 степени, информираат од УХМР.

Денес не очекува сончево и топло со умерена локална облачност. Во северните и источните делови во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен, повремено силен ветер од југозападен и западен правец, кој ќе биде најизразен во северозападните делови каде се очекува да достигнува брзина до околу 80 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.

Следува период на стабилно, суво и доста топло време за овој период од годината. В недела и во првите два дена од наредната седмица највисоката дневна температура на некои места ќе надмине 30 степени.