Од недела започнува зимското сметање на времето

Ноќта помеѓу 25 и 26 октомври ќе заврши летното сметање на времето.Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад.

Во недела, 26 октомври во 3 часот часовникот треба да го вратите на два.

Летното сметање на времето, воведено е во 1916 година во земјите на Северна Европа, а од тогаш оваа практика ја прифатиле 70 земји. Истото започнува да се пресметува последниот викенд во март и трае до последниот викенд во октомври.