среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 11

Од ноември нема да можете да купите компјутер со Виндоус 7 и 8.1оперативен систем

Виндоус 7 по своите оцени е најдобра верзија на оперативен систем на Микрософт и оваа верзија заедно со помалку популарниот Виндоус 8.1 ќе престанат да се инсталираат и испорачуваат на компјутери почнувајќи од ноември. Оваа одлука е донесена бидејќи се приближува крајот на продолжениот период за поддршка на овој Виндоус најавен за почетокот на 2020 година. Овој оперативен систем ја изгуби мејнстрим поддршката уште во почетокот на 2015 година.

110202270

Поврзани вести

Корисниците сепак имаат уште малку време и неколку опции да дојдат уред со својот омилен оперативен систем. Едната опција секако деградба од новиот Виндоус 10 на претходната инсталација, доколку не сте задоволни со новиот систем. Микрософт се разбира не ја препорачува оваа опција истакнувајќи дека Виндоус 10 ќе има главен фокус кога станува збор за развивање на апликации и компитабилност со хардвер во иднина.

Останатата опција е да се побара по веќе постоечкиот инвентар од страна на малопродвачите бидејќи дистрибутерите и натаму ќе продаваат компјутери со некоја од овие претходни две верзии на оперативен систем. Тука е и инсталацијата „Do It Yourself“, Кастм имаџес и ОЕМ Систем Билдер медиа за инсталирање на стари оперативни системи на нови компјутери.

Најчитани вести