среда, 22 март 2017  |  Вести денес: 45

Од ноќеска дизелот со пониска цена

goriva

Последни вести

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска одлучи цените на дизел горивата од ноќеска на полноќ да се намалат за еден денар по литар, додека цената на бензините останува иста.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,96, односно за 1,2 отсто.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат 61 и 63 денари за литар. Новата цена на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 48, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 36,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,15 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 22,763 денари за килограм.

Како причина за промената на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,6 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите14 дена и за 0,42 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Најчитани вести