Од ноќеска дожд, силен ветер и пад на температурите

Позначајната промена ќе имаме во вечерните и ноќните часови, кога продорот на постудена воздушна маса од север ќе резултира со појава на северен ветер, умерен до засилен долж повардарието, како и појава на дожд проследен со грмежи во текот на ноќта и раните утрински часови од понеделник, објави Метеопро.

Температурата денеска ќе има вредности помеѓу 37°С и 39°С долж повардарето и југоисточниот крај, а низ останатите котлини помеѓу 34°С и 35°С.

Денешниот ден ќе помине во улови на сончево и релативно тивко време. Попладне ќе има извесно наоблачување од кое не се очекуваат врнежи. Позначајната промена ќе имаме во вечерните и ноќните часови, кога продорот на постудена воздушна маса од север ќе резултира со појава на северен ветер, умерен до засилен долж повардарието, како и појава на дожд проследен со грмежи во текот на ноќта и раните утрински часови од понеделник.

Врнежите ќе бидат позастапени во северната половина од земјата, додека во јужниот регион истите би биле нешто полокализирани.

Скопскиот регион очекува претежно ведро време претпладне. Попладне постепено ќе се наоблачува, додека во текот на вечерта ќе биде ветровито и облачно. Врнежи проследени со грмежи очекуваме во ноќта кон понеделник, како и во понеделник рано наутро.Температуратра ќе достигне максимална вредност околу 36°С.