Од Нова Година, Грција претседава со ЕУ

Грција од Нова Година го превзема шестмесечното претседавање со Европската унија, со скромен буџет и уште поскромни очекувања.

Свесни дека многу од ЕУ ги гледаат како нација која поради презадолженост, расипништво и корупција ги повлече и останатите во економска и финансиска криза, Грците ветија дека нивното претседателство ќе биде „спартанско“.

Поради тоа Атина за трошоците со раководењето одредила рекордно низок буџет од 50 милиони евра, десет милиони помалку од Ирска, која со Унијата претседаваше во превата половина од годинава.

За да докаже дека сериозно мисли, премиерот Андонис Самарас неодамна го отпушти шефот на протоколот на претседавањето, кога се откри дека имал намера да потроши дури 125.000 евра на свилени вратоврски, што во форма на подароци сакал да ги подели на европските функционери и дипломати во текот на инаугурацијата.

Драстично е намален и бројот на службеници во грчката мисија во ЕУ, со воведување на забрана за вработување на нови.

Скромноста во трошењето на парите ја следи и скромноста во амбициите. Во текот на грчкото претседавање не се очекуваат битни пресврти во внатрешната и надворешната политика на ЕУ, а поголем дел од мандатот ќе помине во знакот на изборот за Европскиот парламент, што ќе се одржи во април следната година.