Од овие работи во сексот се плашат и мажите и жените

Во спалната соба не би требало да има место за страв помеѓу партнерите. Но, некои студии покажале дека во сексот мажите имаат чести стравови врзани за големината на пенисот, постигнувањето и одржувањето на ерекцијата, а жените најмногу се грижат за телесниот изглед. Од друга страна, пак има стравови кои што се универзални и за двата пола.

Со заеднички сили пребродете ги овие стравови и препуштете му се на ужувањето.

Треперење на мускулите и ненадејни грчеви

Сексот е телесна активност која бара добра форма. Ако не вежбате редовно, или ако не одржувате кондиција на некој друг начин можно е да почувствувцате болка во мускулите или да почувствувате ненадејни грчеви, додека се наоѓате во некоја од позите кои се „потешки“. Физичката нелагодност ќе ве натера да престанете со сензуалното уживање, а и ќе ја намали заинтересираноста за да продолжите со акцијата.

Потење

Сексот го поттикнува потењето и тоа е сосема нормална биолошка акција. Но, и покрај ова мажите и жените стравуваат дека мирисот и количината на потта ќе го одбие партнерот од понатамошното сексуално уживање. Запомнете дека редовните хигиенски навики би требало да ги отстранат сите проблеми со вашата природна арома.

Како ви изгледа задникот од одреден агол

Поголемиот број жени чувствуваат некој вид нелагодност во врска со телото или со некои делови од него. Кога станува збор за задникот, за него подеднакво се грижат и мажите, кои што се чувствуваат посебно изложено во позите кога партнерката има пристап кон позадината.

Дали сте премногу бавни / брзи со оргазмот

Координираното постигнување на оргазмите во истиот кај двајцата партнери е многу ретка појава што тоа стана урбан мит што никој не го очекува. Секој има свој ритам, што е дополнително условен од „хемијата“ со партнерот и неговите вештини.

Дали имате чудно лице во моментот на оргазам

Сите размислуваат за тоа како изгледаат во моментот на оргазам и какви звуци испуштаат. Ниту во тоа, не сте единствени. Заборавете на порнографската кореографија и препуштете се на уживањето.