Македонија

Од петок ново поскапување на цигарите

Од петок ново поскапување на цигарите

Од петок треба да има ново поскапување на цената на цигарите. Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува од 1-ви јули доколку производителите не решат тие да ја компензираат.

Инаку ова лето за последен пат се предвидува зголемување на акцизата за 3 денари по кутија се предвидува за последен пат ова лето, од 1-ви јули следната година, цигарите секоја година ќе поскапуваат по 4 денари за кутија.

Ваквиот тренд на покачување во наредните години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, па така најскапата кутија цигари која денес чини 120 денари, за осум години ќе достигне цена од 154 денари.