Од петок пообилни врнежи и засилен ветер

Под влијание на циклонска активност и серија влажни бранови од петок попладне од Медитеранот ќе има нови пообилни врнежи од дожд придружени со засилен јужен ветер и локална појава на грмежи.

Првиот поинтензивен бран на врнежи ќе биде ноќта петок спрема сабота и поизразен ќе биде во западните и јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 40 л/м2 дожд. На планините над околу 1000 м н.в. врнежите ќе бидат од снег, а кон утринските часови во сабота оваа висинска граница ќе се спушта. На поголемите висини снежната покривка значително ќе се зголеми.

Во сабота преку денот ќе има извесен прекин на врнежите, а нов поинтензивен влажен бран ќе има во ноќните часови кон недела и во недела претпладне, кога на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и локално ќе наврнат нови 30 л/м2 дожд.

Во петок и сабота ќе дува засилен до силен јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 80 км/час.

И во понеделник се очекуваат врнежи од дожд, но тие ќе бидат со слаб до умерен интензитет. На повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

Во петок и за време на викендот дневните температури ќе бидат релативно високи и ќе се движат од 7 до 13 степени, а од понеделник ќе опаднат за неколку степени.