Од петок заладување со врнежи од снег

Од петок се очекува позначително заладување со врнежи од снег. Како што најавува УХМР, утре повремено ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец, особено на повисоките места.

Најсилен ветерот се очекува да биде во западните планински делови, каде на моменти ќе достигнува брзина од околу 90 км/час.

Денес времето ќе биде сончево со умерена облачност, а во Скопската котлина магливо. Ќе дува умерен, а на запад попладне засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, a во Скопје до 6 степени.