Од почетокот на руските воздушни напади во Сирија загинаа 370 луѓе

Триста и седумдесет луѓе, воглавно бунтовници загинале од почетокот на руските воздушни напади во Сирија.

Само денес во Латакија загинале 45 лица, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Директорот на организацијата со седиште во Лондон, Рами Абдел Рахман изјави дека од 370 загинати лица, една третина се цивили односно загинале 243 бунтовници, меѓу кои 52 борци на Исламска држава и 127 цивили. Меѓу цивилните жртви 36 се деца и 34 жени.

Русија го почна бомбардирањето минатиот месец во соработка со Владата во Дамаск, тврдејќи дека цел на нападите се Исламска држава и другите терористи. Сириските бунтовници и нивните приврзаници ја обвинуваат Русија дека ги напаѓа умерените и исламистичките бунтовници во обид да го зајакне режимот.