Од полноќ изборен молк пред прегласувањето во Теарце

Од вечер на полноќ до недела до 19 часот е изборен молк во пресрет на повторувањето на гласањето во недела во избирачкото место 2011 во општина Теарце за предвремените паралемнтарни избори. 

Државната изборна комисија (ДИК) донесе одлука да се повтори гласањето на избирачкото место 2011 во општина Теарце, врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ги извести радиодифузерите дека врз основа на Решението од ДИК за повторување на гласањето на гласачкото место бр. 2011, во општина Теарце од вечерва по полноќ, заклучно со 19 часот, на 25-ти декември, важат правилата за изборен молк.

За време на изборниот молк, престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите; какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прекриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите; податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.135, СДСМ со 25.828, Б