сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 55

Од полноќ нови цени на горивата

Бензините поскапуваат по половина денар, цената на дизелот на се менува. Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката и ги определи цените по кои ќе точиме гориво од полноќ.

goriva

Поврзани вести

Бензините поскапуваат по половина денар, цената на дизелот на се менува. Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката и ги определи цените по кои ќе точиме гориво од полноќ.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се променува, односно останува на исто ниво и изнесува 48,00 ден/лит.

Најчитани вести