среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 43

Од полноќ поевтинуваат бензините

Бензините од ноќеска на полноќ се поевтинуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануват непроменети.

nafta-cena-nova

Поврзани вести

Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 62 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 64 ден/лит.

Цената на дизелот останува иста и ќе изнесува 47 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 35,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,929 ден/кг и отсега тој ќе се продава по цена од 19,464 ден/кг.

Новите цени се во согласност со повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Најчитани вести