Од полноќ бензините поевтинуваат, дизелот останува со иста цена

Бензините од полноќ поевтинуваат од половина до еден денар за литар, а цената  на дизелот ќе остане иста и во следните 14 дена, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС-95 поевтинува за еден денар и ќе чини 79 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98, пак, се намалува за 0,5 денари и ќе се продава по 80 денари за литар.

Еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат со досегашните цени – 67,5 односно 56 денари за литар.

За 0,782 денари поскапува мазутот, и еден килограм ќе чини 40,492 денари.