Од полноќ дизелот поевтин, бензините поскапи

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1 ден/лит и ќе изнесува 71,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.06.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит.

Ова беше утврдено на денешната седница на Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.06.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 56,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 45,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,053 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 01.06.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,816 ден/кг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.