Македонија

Од полноќ горивата поевтинуваат од 0,5 до еден денар

Од полноќ горивата поевтинуваат од 0,5 до еден денар

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на  ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13, односно за 1,68 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува на исто ниво и изнесува 70,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за половина денар по литар и ќе чини 72 денари за литар.

Новата цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) e 57, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 45,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,171 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 27,763 денари.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,63 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,166 отсто понискиот курсот на доларот во однос на денарот.