Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги објави новите цени на нафтените деривати.

Со последната одлука пред две недели, дизел горивото поевтини заедно со мазутот и екстра лесното масло за домаќинство.

Цената на бензините остана непроменета. Така во моментов малопродажна цена на Еуросуперот од 95 октани изнесува 67,5, а Еуросуперот од 98 октани се продава за 69,5 денари за литар.

Еуродизелот чини 53,5, додека екстра лесното масло за домаќинство 43,5 денари за литар.

Новата цена на нафтените деривати, која ќе важи од полноќ, ќе се формира во зависност од просечната цена на суровата нафта на светските берзи во тековниот 14 дневен период, како и според односот на курсот на доларот и денарот.