Македонија,Економија

Бензинот и дизел горивата со нови цени

Бензинот и дизел горивата со нови цени

Од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати поскапуваат од 1 до 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС 95 поскапува за 1,5 денари и со новата цена по литар ќе чини 80, 5 денари. Цената на Еуросупер БС 98 се зголемува за 1 денар и со новата ќе чини 82 денари за литар. Еуродизелот поскапува за 0,5 денари и од полноќ неговата цена ќе биде 68 денари за литар.

Поскапување има и кај екстралесното масло за домаќинство за еден денар и сега ќе биде 57 денари за литар. Цената на мазутот поскапува за 1,144 денари и со новата ќе чини 41,636 денари.