Македонија

Од полноќ поскапува бензинот

Од полноќ поскапува бензинот

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, а цената на дизелот не се менува.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за половина денар и со тоа  од полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС-95  ќе изнесува 81денар за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 82,5 денари за литар. Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти.  ЕУРОДИЗЕЛ ќе се точи за 68 денари за литар,  а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 57 денари за литар..

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,235 денари по килограм и ќе изнесува  41,871 денари

Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените  деривати во просек за 0.44 отсто, односно за 0.31 отсто во однос на рафинериските и на малопродажните цени  на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на  Република Македонија од 2 јуни годинава.