Македонија

Поскапуваат горивата

Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата. Од денеска на полноќ нафтените деривати поскапуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ – 1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. во однос на цените утврдени со Одлуката од 6 април, годинава, и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 69,00 ден/лит., на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,00 ден/лит., на ЕУРОДИЗЕЛ (Д -Е V) изнесува 54,50 ден/лит., а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М- 1 НС се зголемува за 1,688ден/кг., во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 6 април, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,928ден/кг.