Од пoнеделник електронски барања за ин-витро

Фондот за здравствено осигурување на Македонија, од понедел ник воведува нова услуга  за електронско поднесување на барања за биомедицинско потпомогнато оплодување, ин-витро. Барањата ќе може да ги поднесуваат само матичните гинеколози, кои ќе можат да се логираат на сајтот на ФЗОМ.

Со новата алатка, на матичните гинеколози и на осигурениците ќе им се овозможи увид во нивниот  предмет, какво е решението за варањето и кога е донесено решението. Исто така, ќе се скратат бирократските процедури, ќе се забрза процесот на одлучување и ќе се елиминира просторот за грешки.

Поради спецификата на медицинската документација, осигуреното лице сепак ќе мора документацијата да ја достави во подрачната служба на Фондот.

Комисијата за БПО, минатта година за ин-витро за прво дете,  има позитивен одговор за 1.060 барања, а а 14 барања се има изјаснето негативно. Исто така, минатата година, ФЗОМ воведе новина ин-витро и за второ дете, за што 145 барања имаат позитивен исход,  а две се одбиени.

Здравствени установи кои вршат ин-витро, а имаат склучено договор со ФЗОМ во 2015 година се: Плодност од Битола, Систина, Ремедика, Ултрамедика, Моја болница (поранешна Свети Лазар), Др. Органџиски, Клиника за гинекологија и акушерство, Гинеко медика од Битола и Инанна систем.

saso