Oд понеделник многу топло време

Попладне на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер, интензивен пороен дожд и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе се движи од 24 до 32 степена.

Во недела попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.Потоа следува период на стабилно, суво и многу топло време.

Топлото и суво време ќе овозможи земјоделските производители да имаат идеални услови за извршување на сите актуелни агротехнички мерки. Заштитата од болести и штетници и во наредните денови ќе биде приоритет. Зголемувањето на бројот на сончеви часови ќе допринесе за квалитетно зреење на земјоделските производи. Влагата во почвата во поголемиот дел од земјоделските површини се очекува да биде во оптимални вредности.