Од понеделник стартува забраната за движење на тешки товарни возила низ Скопје

Од понеделник, па се до први септември стартува забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Скопје. Како што информираат од Град Скопје, забраната е со цел да се заштити коловозот од оштетувања кои се предизвикуваат од топлото време.

„Во сообраќајно решение не влегуваат возилата кои превезуваат жива стока, лесно распалива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запалливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали, како и возила кои вршат градежни работи на градилиштата за општините во Скопје, Град Скопје и Владата“, велат од Град Скопје.

Забраната ќе важи во периодот од 10 до 20 часот.