Од понеделник теренска проверка на избирачкиот список

Од понеделник теренска проверка на избирачкиот список
Од понеделник теренска проверка на избирачкиот список
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната јавна седница го усвои упатството по кое ќе се врши теренската проверка на сите сомнителни податоци во избирачкиот список, а при теренската проверка нема да бидат земени предвид и пријавите за неправилности од граѓаните.

Теренската проверка ќе започне од понеделник со контрола на сомнителните податоци што ќе произлезат од вкрстувањето на податоците од базите на податоци на институциите.

Членовите на ДИК денеска расправаа и за критериумите по кои треба да се проверуваат пријавите за неправилности во избирачкиот список што пристигнаа откако беше објавена веб-апликацијата за гласачите. Досега се обработени 683 пријави, од вкупно пристигнатите повеќе од 2.000.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.