Од понеделник заладување за пет до шест степени

Како што информира УХМР, промената на времето ќе почне утре попладне и во вечерните часови, а на места ќе наврнат и над 25 литри дожд на метар квадратен.

Поројни врнежи и грмежи се очекуваат особено во северозападните и источните делови од земјава.

И во понеделник ќе има повремени врнежи дожд, најмногу претпладне. Кон крајот на денот и ноќта према вторник облачноста ќе се намалува, но ќе се задржи ветровито и посвежо. Утринските температури во вторник и петок идната недела некаде ќе паднат и под нулата, а максималните ќе се движат од 17 до 20 степени.