Од понеделник затоплување

Во недела и na почетокот на работната седмица времето ќе биде стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.
Денес нè очекува променливо облачно со подолги сончеви периоди. Попладне локално ќе има услови за слаб дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 Целзијусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и слаб до умерен североисточен ветер, а дневната температурата ќе достигне до 9 степени.

Утре (сабота) ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со повремен, но слаб локален дожд, на планините со слаб снег, особено во крајните источни и западни делови.