Од поплавите уништетни 7.500 куќи во БиХ

Поплавите кои го зафатија Балканот придонесоа за уништување на 7.500 куќи, како и за раселување на 8.000 лица, покажуваат прелиминарните оценки на босанското Министерство за бегалци и иселеници.

Марио Ненадиќ, заменик-министерот за бегалци и иселеници вели дека во првите денови од поплавите бројот на раселените бил значително поголем, а во моментов најтешко се погодени жителите чии домови се целосно разурнати или исчезнати од лизгањето на земјиштето.

„Околу 7.500 лица не можат да се вратат дома, а 2.500 се згрижени во колективни центри“, вели Ненадиќ.

Според Ненадиќ, обновувањето на домовите на настраданите треба да биде приоритет меѓу најважните прашања на конференциите за донации.