Македонија,Крими хроника

Од пошта во Маџари украдени се сеф и торба со монети

Од пошта во Маџари украдени се сеф и торба со монети

Ограбена поштата на улица „Благоја Стефковски“ во Маџари.

Извршена е тешка кражба со сечење на решетките од задниот дел на поштата, при што е одземена метална каса-сеф и торбa со монети.

Околу 04,30 часот забележано е возило„Фиат Фиорино Пикап“ со скопски таблички кое откако го забележало полициското возило со голема брзина се одалечило по што возачот се дал во бегство. Во возилото пронајдена е метална каса-сеф и едно торбиче со монети. По преземени мерки констатирано е дека истата вечер на паркинг на булевар “Авној” било одземено возило „Фиат Фиорино Пикап“, истото со кое е извршена тешката кражба. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.