Од последиците на пушењето годишно умираат над 7 милиони луѓе

Од последиците на пуштењето на годишно ниво во светот умираат повеќе од седум милиони луѓе, а оваа лоша наIвика не претставува закана само за здравјето на поединците, туку и за природната средина, предупреди Светската зравствена огранизација (СЗО – WHO) по повод Светскиот ден на непуштењето 31 мај.

Според податоците на СЗО, на почетокот од XXI век од последиците на пуштењето годишно умирале околу четири милиони луѓе, а од неодамна оваа бројка драстично се зголемила на седум милиони смртни случаи.

Покрај големите штети за здравјето, тутунот нанесува големи штети и на природната околина, имајќи предвид дека поради производството на цигарите се уништуваат шуми и атмосферата. Од СЗО го изнесуваат податокот дека трошоците кои се однесуваат на лекувањето на болестите и трошоците кои настануваат поради намалената продуктвиност изнесуваат 1.400 милијарди долари, што претставува околу 1,8 отсто од светскиот БДП.

Се потсетува, исто така, дека пушењето годишно светската економија ја чини повеќе од билион долари, а се предвидува дека до 2030 година од последиците на уживањето во тутунот годишно смртно ќе страдаат околу осум милион луѓе. Во светот денес има 1,1 милијарди пушачи, што значи дека секој жител на планетата повозрасен од 15 години е пушач.

Тутунот е штетен и за околината

Ивештајот на СЗО е дел од напорите чија цел е да се прошири расправата за пушењето како негативна и штетна навика, и истовремено како голем глобален проблем. Од почетокот до крајот, циклусот на производство на тутунот силно им штети на сите жители на нашата планета. Постепено исчезнуваат шумите, не само поради одгледувањето на тутунот, туку и поради потребата од огревно дрво за сушење на листовите од тутунот.

На растението му е потребно повеќе ѓубриво и штетни пестициди од другите насади. Секоја година за процесот на сушењето на тутунот се сечат околу 11,4 милиони метричкки тони дрво. Тоа конкретно значи дека за производство на 300 цигари се уништува едно цело стебло. Во Кина, најголемиот глобален одгледувач на тутун, овој насад е одговорен за годишно крчење на 18 отсто од шумите.

Фабриките за цигари годишно произведуваат половина милион тон отпад контаминиран со никотин и друг штетни хемикалии, предупредуваат од СЗО и додаваат дека годишно се пушат повеќе од 6 билиони цигари, при што во атмосферата се испуштаат меѓу 3 и 5 милиони тони гасови коишто го предизвикуваат ефектот на стаклената градина, како и 7.000 илјади тони канцерогени хемиски супстанции.

Мерки за справување со проблемот и ефектот од нив

Од СЗО повикуваат на воведување поостри мерки, како што е забрана за регламирање на тутунските производи и забрана за пушење во работните простории и на затворените места.

Една од најефикасните мерки во борбата против пушењето, а којашто за жал најретко се применува е значителното зголемување на цените на тутунот и тутунските производи, како и даноците на тутунските производи. Во извшетајот, исто така, се истакнува и дека многу земји не ги применуваат даноците на тутунските производи на соодветен начин. За финансирање на кампањите против пушењето се вложува помлаку од 0,4 отсто од таквите давачки, што се смета за премалку.

Повеќе од 80 отсто од пушачите потекнуваат од земјите со ниски и средни приходи, а здравствените експерти тврдат дека тутунот е најголемиот глобален причинител на смртноста на кој може да се влијае и дека политиката на намалување на уживањето во тутунот може да има големи позитивни резултати.

Така, се пресметува дека кога секоја земја би го зголемила данокот на цигарите и одредила цена од 0,80 долари по кутија, годишните државни проходи би се зголемиле за 140 милијарди долари. А тоа би резултирало со намален број пушачи за околу 66 милиони, се додава во извештајот кој се темели на одатоците од проучувањата напревени минатата 2016 година.