Од продавница за автомобилски гуми украдени 90 000 денари

Вчера околу 18,00 часот во Скопје на бул.„8-ми Септември“ во продавница за автомобилски гуми „Stop and go“ извршиле разбојништво.

Како што соопштуваат од МВР, две непознати лица со огнено оружје и’ се заканиле на вработената при што одзеле околу 90.000 денари од дневниот промет.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.