Од прва рака: Еве зошто престанал да се јавува

Еден кој и самиот тоа го сторил, ја открива вистината за момците кои се претвораат во „духови“…

„На нашето прво излегување, кликнавме, се бакнавме и останавме заедно со два наутро. Но, по недела дена, не го чувствував тоа повеќе, што и да беше. Знам дека требаше да се јавам, но некако немав сила. Воља. Желба. Не станав дух и одеднаш да исчезнам, но избледев. Се’ поретко праќав пораки, а тие беа нејасни и студени… Додека конечно не престанав да одговарам. Знам дека жените го мразат тој потег. Нема заклучок и не е фер…“

Еве зошто тоа се случува:

  1. Заклучил дека не сте добра комбинација

Во задниот дел од мојот мозок живее мал гоблин. Ми поставува прашања од типот: „Што ако постои подобра?“ и „Зар нема чудни стапала?“. Понекогаш успеавам да го замолчам. Понекогаш тој ќе победи. Ако заклучам (основано или неосновано) дека не сме еден за друг, престанувам да се трудам. Претворањето во дуг е некој вид „бела лага“. Не е идеално, но е малциозно.

Запознал некоја друга

Тоа е едноставно и брутално, но се случува. Мартина, дваесет и деветгодишен банкар вели: „Да, го направив тоа. Затоа што наиде подобра девојка“. Сурово, Мартине!

Сака да го сочува својот имиџ

Мажите сакаат да бидат кул – секогаш. „Ако одлучиме дека е крај, некогаш не знаеме како тоа да го објаснивме, а не ја нарушиме сликата на забавно и добро момче“.

Повреден е

„Испарив, бидејќи девојката направи нешто непромислено“, вели Бојан, триесетгодишен продуцент.

„Ако не сакам да се трудам, за да ја надминеме таа ситуација, одам понатаму.“

Несигурен е

„Една девојка со која се забавував секогаш сакаше да ја плати вечерата, затоа што заработуваше повеќе од мене“, вели Дарко, дваесет и четиригодишен студент.

“Кога почна скришум да им плаќа на келнерите пред јас да го направам тоа, посакав да излезам од таа врска. Моето его е одговорно што не и’ ја кажав причината поради која престанав да и’ се јавувам.“

Не грижете се, не се претвораат сите во духови

“Неколку мои другари се колнат дека тоа не е нивен стил. А, покрај тоа, тоа не е исклучиво машки манир. Неодамна излегов со една девојка која навистина ми се допадна. Таа е дива, секси, се изразува толку убаво… се галевме и смеевме со часови. Гоблинот поставуваше прашања, но го замолчував. Следниот ден и’ пратив порака, говорејќи си себе си – ова е жена од која никогаш нема да исчезнам. Никогаш не ми се јави.“