Од први мај минималната тарифа на гасот за населението на Украина ќе се зголеми за 41 отсто

Од први мај минималната тарифа на гасот за населението на Украина ќе се зголеми за 41 отсто, односно ќе достигне цена до1018 гривни (80 долари) за кубен метар. Оваа одлука а донела Националната комисија за регулирање на енергетиката на Украина, пренесе „РИА Новости“, повикувајќи се на прес-службата на Заводот.

Досега минималната цена за гасот изнесувала 720.54 гривни (64 долари). Вчера министерот за финансии на Украина, Александар Шлапак изјави дека Владата одлучила да ги зголеми цените на бензинот за сите корисници во просек за 73 отсто, а од јули на топлинската енергија во просек за 40 отсто.

За зголемувањето на тарифата за гас за населението инсистира Меѓународниот монетарен фонд. Ова барање е еден од условите што Киев треба да ги исполни за да добие нови заеми од Фондот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.