Македонија

Од први ноември објава за загубени документи само на шалтер на „Службен весник“ во МКЦ

Од први ноември објава за загубени документи само на шалтер на „Службен весник“ во МКЦ

Од 1 ноември годинава доставувањето барање за огласување изгубени лични документи ќе може да се направи само на шалтерот за објави во службеното гласило „Службен весник на РМ“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) на кеј „Димитар Влахов“ бб, веднаш до зградата на МРТВ.

Од „Службен весник на РМ“ соопштуваат дека шалтерот на ЈП Службен весник на Република Македонија, кој досега беше лоциран во рамките на просториите на дирекцијата, во деловниот објект „Буњаковец“,  од 1 ноември 2014 година,  нема повеќе да биде во функција  за потребите на граѓаните и правните лица.

Ова решение, се вели во соопштението, е резултат на континуираното спроведување и примена на последните технолошки капацитети во своето работење, при што ЈП „Службен весник на РМ“ беше иницијатор на повеќе проекти за електронско поврзување со надворешните системи, како и за едношалтерскиот систем за објава на личните документи со МВР.