Македонија

Од први септември наплата на паркинг во Штип

Од први септември наплата на паркинг во Штип

Општина Штип, ги прави финалните подготовки за спроведување на постапката за наплата на паркинг просторот во центарот на Штип од 1.ви септември 2014. Денес е поставен првиот продажен пункт за паркинг-гребки (тикети) кои можат да се купат. Тој е поставен веднаш до општинската зграда. Уште две такви мини-трафики како место за продажба на паркинг-гребки ќе бидат постаевени кај судот и спротивно од другата страна кај трговскиот центар, пренесува порталот „1.мк“.

Исто така, за наплата на паркингот ќе бидат ангажирани лица со рачни фискални апарати, дел од ЈП „Стипион 2011“ а дел од локалната самоуправа, кои континуирано ќе се движат и ќе наплаќаат паркинг.

parking11

Платениот паркинг се однесува на централното градско подрачје, долж улиците од обете страни на Отиња, од мостот кај црквата Свети Никола па се до мостот кај судот. Тоа подразбира и платен паркинг долж улицата „Ванчо Прке“ и подрачјето кое гравитира околу центарот на градот.

Општината и јавното претпријатие ги повикаа сите правни и физички субјекти,кои имаат адреса на улиците кои се опфатени со платениот паркинг, да се јават во ЈП „Стипион 2011“ и да склучат договори за месечни билети за паркирање.Според информациите, за пет дена до сега се пријавиле околу 50.тина граѓани кои склучиле договори, а се очекува и денес и утре да се јавата уште заинтересирани за нови договори. Ваквиот начин на наплата на паркингот ќе се користи на почетокот на спроведување на постапката а на почетокот на 2015 година ќе се разгледаат и други опции меѓу кои и најчесто користениот, преку СМС на мобилен телефон, додава „1.мк“. Возилата кои ќе бидат евидентирани дека не платиле паркинг, ќе бидат блокирани а за одблокирање ќе се плаќа соодветен надомест утврден со ценовникот на ЈП „Стипион 2011“.