Од реката Сава извадена бомба од Втората светска војна

Бомба со тежина од 250 килограми беше извадена денеска од реката Сава во регионот меѓу населбите Славонски и Босански брод, близу до граничниот премин со Босна и Херцеговина, јави Танјуг.

Станува збор за бомба од Втората светска војна, што се наоѓала на длабочина од околу три метри на територијата на Босна и Херцеговина.

Вадењето на бомбата беше извршено од страна на чешката полиција, што е добро обучена за слични интервенции.

Бомбата била префрлена на безбедно место, а потоа била уништена, посочи Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина.