Од роднините украла накит вреден 40.000 евра

накит

Четириесет и двегодишната З.М. од с. Симница, гостиварско, заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела кражба.

Во јуни 2016 година пријавената, искористувајќи згодна прилика додека нејзините роднини Н.М. (48) и З.М. (53) од с.Симница не биле дома, извршила пребарување по собите и одзела златен накит стекнувајќи се со противправна имотна корист во висина од 2.400.000 денари (скоро 40 илјади евра).

Притоа, дел од украдениот златен накит пријавената го продала на златар во Гостивар, додека останатиот дел го сокрила во шталата во близина на семејната куќа.