Македонија

Од сабота паркингот по 21 часот ќе биде бесплатен

Од сабота паркингот по 21 часот ќе биде бесплатен

Од сабота започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје.

Работното време во зоните А, Б и Ц од понеделник до петок ќе биде од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 7:00 до 14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д работното време од понеделник до сабота ќе биде од 7:00 до 23:00 часот, соопшти ЈП „Градски паркинг“ Скопје.