Од сабота зимско сметање на време-ќе спиеме еден час повеќе

Зимското сметање на време започнува на 25.октомври во недела. Во сабота кон недела, во три часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад со што и официјално почнува зимското сметање на време.

За спанковците тоа е добра вест бидејќи ќе има еден час повеќе за спиење.

За оние кои сакаат активен живот, тоа баш и не е добра вест бидејќи ќе почне да се стемнува во 16:30, а денот ќе има еден час помалку.