Од сеф на ЕВН украдени 15.200 евра

Полицијата трага по крадецот кој уркал сеф на ЕВН во Струга, а во кој имало над 15.000 евра, потврдија од МВР.
Кражбата се случила во саботата ноќта во наплатниот пункт на „ЕВН – Македонија“ во трговски комплекс на Кеј 8 Ноември во Струга.

– Сторителите со употреба на сила влегле во деловната просторија и одзеле сеф во кој, според кажување на одговорното лице, имало 935.000 денари, по што побегнале. Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот“ – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.