Од сеф на Комерцијална во Битола одземени 836.902 денари

Во полицијата во Битола, С.Ј.(66) година вчера пријавила дека во периодот од 10 јуни до 28 октомври годинава непознат сторител одзел од сеф во филијала на Комерцијална банка 836.902 денари.

Како што соопштуваат од МВР, непознат сторител ги одзел средствата од металната касета така што со употреба на подесно средства ја отклучил и ја отворил вратничката од сефот.

Увид на местото на настанот извршила  увидна екипа од СВР Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.