Од сексот сме попаметни

Редовните сексуални активности ја подобруваат долгорочната меморија и го зголемуваат бројот на неврони кои ја подобруваат когнитивната функција, но и го намалуваат нивото на стрес.

Исто така честите сексуални активности се поврзани со зголемената функција на мозокот, а посебно дејствува на долгорочното памтење. Но, додека сексот може да не направи попаметни, обратно од тоа не мора да биде вистина. Како пример се наведува што паметните тинејџери подоцна ќе стапат во сексуални односи.

Влијанието на сексот на создавање на неврони e сличен на оној кога настанува по вежбање, што докажува дека сексот е одлична вежба за умот, тврдат истражувачите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.