Од септември нова банкнота од 10 евра

Од оваа есен во Еврозоната ќе биде пуштена во оптек новата банкнота од 10 евра.

На прв поглед банкнотата нема големи промени. Меѓутоа новите банкноти се лакирани, имаат подолг рок на траење и треба да бидат потешки за фалсификување.

Минатата година беше воведена нова банкнота од пет евра, а некои автомати не ја прифаќаа истата. Германската Бундесбанка се надева дека овојпат тоа нема да се случи.

Во секој случај производителите на автомати имаат време за да се подготват до септември.