четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Од следната година Британците ќе може да се разведуваат и по интернет

Британците кои сакаат развод на бракот повеќе нема да мораат да одат во судница и да се соочат со партнерот „очи во очи“. Според нацрт-измените и дополнувањата на Законот за семејство на таа земја, од 2017 година разводот ќе биде можен по пат на интернет, пренесува МИА.

burmi razvod

Поврзани вести

За расправи, преговарања и се друго што мора да се изврши кога се поднесува барање за развод, од сега Британците ќе можат да направат од својот лаптоп или мобилен. Двојките кои сакаат спогодбено да се разведат ќе одговараат на серија прашања за нивниот брак по пат на онлајн формулари. Во нив ќе се најдат прашања и за нивниот имот и децата.

Во иднина нема да има хартија ниту да се оди кај судии во судница за да се заврши процесот за развод. Но, веќе појавени се противници на оваа идеја кои тврдат дека ваквиот начин на развод ќе го девалвира бракот.

– Бракот е сериозен бизнис. Разводот бара време, размислување и разбирање, а не непромислен брз начин по пат на онлајн форма. Би било погрешно да се регулира разводот по пат на поставување твит. Тоа треба да се направи човечки и лично, изјави Хари Бенсон од Фондацијата Брек.

Од друга страна, поддржувачите и иницијаторите на овој предлог сметаат дека на овој начин ќе се направи заштеда на пари и време. Сепак, потешките случаи мораат да бидат завршени на традиционален начин на суд.

Најчитани вести